Уставниот суд на Малави ги поништи резултатите од претседателските избори

Од:

Уставниот суд на Малави вчера го поништи повторниот избор на досегашниот претседател Петер Мутарике, наредувајќи нови претседателски избори во рок од пет месеци.

„Сметаме дека Петер Мутарике не беше правилно избран на 21 мај 2019 година, па како последица на тоа ги поништуваме резултатите од претседателските избори“, оцени судот во пресудата изготвена на 500 страници.

Судот нареди и организирање нови претседателски избори во рок од пет месеци.

Судот заклучи дека луѓето вклучени во изборниот процес користеле коректор за да ги фалсификуваат гласовите, што не може да се оправда и претставува нерегуларност. Покрај тоа, судот забележа и некои други сериозни пропусти.

Оваа судска одлука може да доведе до немири во оваа сиромашна африканска држава, па затоа владата, опозицијата и меѓународната заедница се повикани на смирување на состојбата.

Метер Митарика е на власт од 2014 година, а минатата година повторно беше избран со 38, 57 отсто од гласовите, пред главниот соперник од опозицијата, Лазарус Чаквер, кој освои 35,41 отсто.

Би можело да ве интересира

Најголема епидемија на колера во последните две децении во Малави, починати 750 лица

Во Малави 292 жртви на колера, 9.447 заразени

А1он

Актуелниот претседател на Малави освои нов мандат

Во Малави почна имунизација на децата против маларија

Ана Ололовска

Циклон „Идаи“: 350 загинати, стотици исчезнати

Ана Ололовска

Стотина луѓе загинаа откако циклон ги погоди Мозамбик и Малави