Американскиот рапер Кендрик Ламар освои најмногу награди на овогодинешното доделување на „2017 MTV Video Music Awards“ во Лос Анџелес.
Од дури осум номинации, Ламар освои шест награди, вклучителни и најзначајната „спот на годината“ за хитот „Humble”.
Британскиот кантавтор Ед Ширан ја освои наградата во категоријата „изведувач на годината“, додека раперот Калид ја доби наградата во категоријата „нов изведувач“.
Во останатите важни категории победија Зејн Малик и Тејлор Свифт со „”I Don’t Wanna Live Forever“, за најдобра музичка соработка, Фифт Хармони и Гучи Мејн со песната „Down” за најдобра поп изведба, Зед и Алесија Кара со „Stay“ за најдобра денс песна, а за песна на летото прогласена е „XO Tour Llif3“ од Лил Узи Верта.
Водителка на спектаклот беше Кети Пери.
Шоуто сепак го одбележаа Тејлорт Свифт, која го искористи моменто за светска премиера на спотот за песната „Look What You Made Me Do“ и Пинк- добитничката на наградата за животно дело.