Боно: „Алелуја“ е најсовршената песна на светот

Од:

Боно смета дека песната „Алелуја“ (Hallelujah) од Леонард Коен е „најсовршената песна на светот“.

Изјавата на пеачот на групата U2 се наоѓа во книгата „The Holy or the Broken:Leonard Cohen, Jeff Buckley, and the Unlikely Ascent of Hallelujah“ чиј автор е Алан Лајт.

Песната „Алелуја“ ја обработиле многу, но покрај оригиналната, создадена во 1984 година, можеби најпозната е верзијата на Џеф Бакли, која се наоѓа на неговиот деби албум „Grace“.

Освен Боно, за песната зборуваат и пејачката Регина Спектор која песната ја опиша како „неуништлива“. Патрик Самп од групата „Fall Out Boy“ рече дека „песната секогаш се враќа и секогаш делува како да е нова. Секогаш кога ја слушаме звучи како нова“.

Зборувајќи за неговата книга, Лајт изјави за „Холивуд репротер“:

– Сакав да го истражам ефектот на лавина кој го постигна оваа песна во текот на неколку децении, со што „Алелуја“ стана една од најсаканите, најизведуваните, но и најнесфатените песни на сите времиња.

На самиот Леонард Коен понекогаш му е тешко да ја слупа својата песна, која често се изведува во емисиите за потрага по нови пејачки таленти.

– Дали мораме секогаш да слушаме на крајот на секоја драма или во ријалити емисиите? Понекогаш помислувам дека можеби не треба толку да се изведува, но ми е драго што луѓето и понатаму ја пеат, рече славниот канадски кантавтор.

Меѓу бројните уметници, кои покрај Џеф Бакли, ја изведуваа песната на Коен, за која Лајт наведува дека е „хипнотичка синтеза на молитва и сексуалност“ се и Боно, Вили Нелсон, Руфус Вејнврајт, Имоџен Хип и Џон Кејл.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски