Британската ѕвезда Адел е свесна колку нејзиното име е познато во светот и одлучи и правно да го заштити, за да ги спречи луѓето да продаваат разни производи, користејќи се со славата која нејзиното име го носи.
– Адел не сака кој било да го искористува нејзиното име на производите само за да ги измами корисниците и да ги наведат да помислат дека таа има некоја врска со тие производи, рече извор близок на пејачката.
Адел не сака нејзиното име да се најде на производи како парфем или накит, со кои таа нема никава врска. Сега, откако и официјално од своето име направи бренд, секој кој ќе го злоупотреби нејзиното име ќе се соочи со тужба.