Новородено теле во Тексас има речиси идентични црно-бели шари на лицето како членот на легендарната рок група „Кис“, Џин Симонс.
Изгледот на Симонс на сцена, освен препознатливата црно-бела маска на лицето, подразбира и црна кожена облека и „дива“ фризура.
Своето воодушевување за ваквата сличност тој го споделил на Твитер.
– Народе, ова е навистина реално!, напишал Симонс.
Телето кое го доби името Џини е родено минатата недела на ранч во близина на Кервил, 96 километри северозападно од Сан Антонио.