Големи хитови или големи плагијати?

Од:

Една стара изрека вели: „Оние што Ве имитираат, најискрено Ви ласкаат“. Може ли истото да се каже за плагијаторството во песните?

Плагијаторството не е нешто со кое се бават само неталентирани изведувачи. Напротив. Некој од најголемите музичари на денешнината се „фатени“ како карадат од повозрасни колеги.

Вobby McFerrin “Don’t Worry Be Happy” – 4 Non Blondes “What’s Up?”

МcFerrin својот хит “Don’t Worry Be Happy” го издаде 1988, а 4 Non Blondes својот единствен хит на топ листите го издадоа 1993-та. И покрај тоа што нумерите се музички стилски различни, музичарите оценуваат дека имаат иста структура на стиховите, како и основна мелодија и рефрен.

Нuey Lewis And The News “I Want A New Drug” – Ray Parker Jr. “Ghostbusters”

Huey Lewis And The News во 80-тите беа познати по нивните „ковер“ нумери за филмовите од типот „враќање во иднината“. Ray Parker Jr ладнокрвно си ја украде нивната нумера, истот така за на филм. Ја употреби како насловна нумера за Ghostbusters и без разлика на плагијаторството неговиот сингл остане попрофитабилен.

Iggy Pop “Lust For Life” – Jet Are “You Gonna Be My Girl?”

  

Музичките критичари беа јасни – ова е толку очигледен случај на крадење на рифот и главната мелодија што би можел да стои како пример во енциклопедиите под зборот плагијат. Оргиналната нумера на Iggy Pop издадена е 1977, а стана голем хит во деведесетите. Додека австралискиот бенд “Are You Gonna Be My Girl?” ја сними 2003-тата и благодарејќи токму на оваа песна уживаше во неколкугодишна популарност.

Malcolm McLaren “Deep in Vogue” – Madonna “Vogue”

   

1989, McLaren го издава својот четврти албум, “Waltz Darling”, на кој се наоѓа песната “Deep in Vogue”. Една година подоцна, Madonna го издава скоро идентичниот синг со малку пократок наслов, “Vogue”.
Мадона тогаш се бранеше како стилот на танцуванње “vogue” го сретнала во килб во Њу Јорк и тоа наводно ја потикнало да ја сними оваа песна.

Madona “Express Yourself” – Lady Gaga “Born This Way”

Но Madonna не само што „крадеше“ синглови, туку и беше „ограбувана“. Во овој случај крадецот беше Lady Gaga. Многумина забележаа дека песната “Born This Way” звучи поприлично многу на “Express Yourself” , особено во делот на рефренот. Иако Lady Gaga признаваше дека за свој пример ја има Madonna, сепак изгледа дека малку премногу била инспирирана од опусот на старата поп дива.

Аce of Base “Don’t Turn Around” – Lady Gaga “Alejandro”

Но, Lady Gaga не застана само со Madonnoа. Тоа всушност и е втора нумера за која е забележано дека е плагијат. Прв беше нејзиниот голем хит “Alejandro” кој изгледа само како добар ремикс на “Don’t Turn Around” од групата Ace of Base. Еден од нивните најголеми хитови во
1993 година.

J.J. Fad “Supersonic” – Fergie “Fergalicious”

   

Трите раперки кои настапуваа под името J.J. Fad постигнаа вртоглав успех кога 1987 го издадоа синглот “Supersonic”. Иако како и многумина од плагијаторите, никогап јавно не призна, Fergie, водечкиот солист на Black Eyed Peasa, на својот соло албум го исфрли синглот “Fergalicious” која звучи како обработка на “Supersonic”, а не како сосема нова песна.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски