ВИДЕО: „Невреме“ – прв сингл на Антониа Гиговска

Од:

Денес беше промовиран првиот сингл и видео спот на младиот музички вокал, талентираната Антониа Гиговска, насловен како „Невреме“.

Новата песна „Невреме“ е авторско дело на Лазар Цветковски (музика и аранжман) и Магдалена Цветковска (текст). Музичкиот дел е реализиран во „ЛЦВ Студио“, а спотот е снимен во соработка со продуцентската куќа „Лумнари Медиа“.
На промоцијата на песната, Ана Јорданова – режисер на видео спотот, ги поздрави присутните и ги информираше за деталите за овој музички запис.

„Како режисер, сакам да нагласам дека ми беше огромно задоволство и особена чест да работам на „првенчето” на нашата Антониа. Нашата соработка за овој видео спот започна спонтано, но бев воодушевена од нејзините гласовни способности, енергијата и потенцијалот кои ги поседува. Беше вистински предизвик и привилегија да создадеме соодветна видео поддршка на оваа нумера. Антониа плени со својот вонсериски талент веднаш штом запее, а доказ за тоа се наградите и признанијата од фестивалите на кои досега има настапувано. Од сè срце и посакувам голем успех во иднина за кој верувам дека и претстои, со оглед на квалитетите кои ги поседува“, изјави Ана Јорданова, режисер на видео спотот за првиот сингл на Антониа Гиговска – „Невреме“.

„Би сакала да се заблагодарам на сите присутни што беа дел од овој настан по повод промоција на мојата прва песна и ја споделија мојата огромна радост и гордост. Исто така огромна благодарност до сите кои беа вклучени во целиот процес на формирање на мојот прв сингл и видео спот насловен како „Невреме“. Најмногу од сè им благодарам на моите родители кои безрезервно ме поддржуваат и ми овозможија мојот сон полека, но сигурно да се претвори во реалност. Искрено, се надевам дека ќе следат уште многу вакви дружења и поводи за одбележување“, изјави Антониа Гиговска.

Со своите 16 години Антониа учествува на голем број музички настани во нашата земја и во Регионот. Исто така има гостувано како специјален гостин на концертите на балканските ѕвезди како: Хари Мата Хари, Здравко Чолиќ, и Жељко Јоксимовиќ. Покрај тоа, Антониа ја игра главната улога во мјузиклот „Тајно Моја“ посветен на македонската поп икона Тоше Проески.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски