Промоцијата на новиот албум на Bei The Fish – At The End Of The Sand, ќе се одржи во петок, 21.12.2012, во 21:12 часот, во Излет Кафе. Албумот го издаде PMG Recordings и на самата промоција ќе се продава по промотивна цена.
Насловната фотографија е на Darkkind Syk, а дизајнот и изгледот на омотот е дело на Ѓорѓи Чупиќ. Концертната промоција на албумот е закажана за февруари 2013, во МКЦ. Ако го преживеат крајот на светот, се разбира.