Работилница за примена на индексот за социјална вклученост

Од:

Работилница за примената на индексот за социјална вклученост во домувањето ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Хабитат Македонија.

Целта на работилницата е поддршка на имплементацијата на Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и социјална исклученост преку развој на референтни индикатори за мерење на напредокот во процесот на социјална инклузија во областа на домувањето.

Во индексот се вклучени индикаторите: правна несигурност, просторна сегрегација, пристап до основни јавни и комунални услуги, пренаселеност во домот, пристап до социјално домување…

– Преку следењето на основните индикатори за домување претставени во Индексот ќе се овозможи точно да се увиди ситуацијата на терен во т.н. ромски маала, а потоа да се пристапи кон развој на политики кои ќе помогнат во решавањето на супстандардното домување кај Ромите, соопшти Хабитат Македонија.

Работилница е дел од проектот „Правата на домување кај Ромите за одржлив урбан развој“ финансиран од Европската Унија кој има цел да го зајакне учеството на ромската заедница во процесите на социјална инклузија во доменот на домување, но и да ги промовира основните човекови права на домување како права кои ги имаат сите граѓани. Проектот го имплементира Хабитат Македонија во соработка со РОМА С.О.С од Прилеп, Черења од Штип и Сумнал од Чаир (Скопје). Проектот се спроведува локално во општините Прилеп, Штип и Чаир (Скопје) и е поддржан од единиците на локалните самоуправа.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска