Тивери корпорејшен и Мартин Гарикс на 2. „Skopje Calling“

Од:

Американскиот електро-трипхоп состав Тивери корпорејшен на 20 јуни на стадионот на АРМ ќе го отвори вториот летен музички фестивал „Скопје колинг“ (Skopje Calling 2017) кој го организира Авалон продукција. На 23 јуни ќе гостува и најголемата актуелна диџеј ѕвезда во светот Мартин Гарикс.

Денис Илиоски од Авалон денеска на прес-конференција рече дека по почетокот на фестивалот минатата година, кога ѕвезда на „Скопје колинг“ беше Давид Гета, и оваа година Скопје ќе биде домаќин на планетарно популарниот Мартин Гарикс.

– Најжешката глобална ѕвезда во моментов Мартин Гарикс првпат како број еден светски диџеј доаѓа во регионот и тоа како хедлајнер на фестивалот, рече Илисоки за Гарит кој има 21 година и е неизоставен на сите големи фестивалски сцени низ светот.

Пред диџеј-сетот на Гарикс на „Скопје колинг“ ќе настапат хитмејкерите Џекс Џонс и Алекс Адаир, а од Македонија – Александар Галоски – еден од нашите најталентирани диџеи продуценти, како и младите и перспективни момчиња од Дуоз. Тие на прес-конференција рекоа дека очекуваат многу забава и добра музика и дека се уште не им се верува дека ќе настапат во вечерта со светскиот дуџеј.

Фестивалот на 20 јуни ќе го отворат Тивери корпорејшен (Thievery Corporation). Од Авалон истакнаа дека целта е да ги задоволат интересите на сите генерации публика и со различна жанровска определба.

– Затоа и овојпат се одлучивме за бенд што е маестрален во живо и можеби единствениот во светот што со својот уникатен музички стил спојува повеќе музички жанрови со елементи на електронска музика, информираше организаторот.

Американскиот бенд и лајв атракција, кој го предводат Ерик Хилтон и Роб Гарза, во Скопје ќе дојдат во полн концертен состав со дваесет музичари. Сценската продукција е меѓу најзначајните одлики на бендот кој во светската јавност е познат и по силниот социјален ангажман и антиглобалистичкиот активизам.

Настапот на „Скопје колинг“ е во рамки на нивната европска турнеја на која го промовираат својот последен албум „The Temple od I & I“.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски