Сергеј Четковиќ го претстави новиот спот за песната „Jos volim te“, кој неодамна го сними во центарот на Белград.
Станува збор за песна која е најава за новиот албум на Сергеј. Спотот се снимаше на 28-ми ноември на улицата Кнез Михајлова.
На 26-ти декември македонската публика ќе има можност да ужива во хитовите на Црногорецот, за кога е најавен спектакуларен предновогодишен концерт во зимскиот клуб Колосеум.
Почетокот на концертот е во 21 часот.