Во 2000-та година кога Еминем беше на врвот на својата кариера, еден од неговите најголеми хитови беше песната „Стан“ која зборува за негов лојални фан.
Седумнаесет години подоцна зборот „стан“ („stan“) е вклучен во Оксфордскиот речник.
Во речникот зборот „стан“ е дефиниран како „измамен или опсесивен обожавател на некоја славна личност“.
Во Оксфордскиот речник исто така се наведени и примери во кои може тој збор да се употреби.
– Има милиони „стан-ови“ кои се опседнати со него и го нарекуваат Бог на рапот.
Се напоменува дека овој збор може да се користи и како именка и како глагол, во зависно од контекстот.
Текстот на песната на Еминем говори за негово обожавател кој толку многу се вознемирил затоа што славниот рапер не одовара на неговото писмо, па се убива себе си и својата бремена девојка.