Американската поп ѕвезда Аријана Гранде одржа хуманитарен концерт во Манчестер посветен на жртвите од нападот, којшто се случи во тој град минатиот месец, кога беа убиени 22 лица, а повредени неколку десетици.
На теренот за крикет, Олд Трафорд во Лондон имаше повеќе од 50.000 фанови и обезбедување од неколку стотици полицајци, пренесува Танјуг.
Покрај Гранде, на концертот настапија и „Тејк Дет“, Лијам Галагер, Фарел Вилијамс, Кејти Пери, Џастин Бибер, „Колдплеј“ и „Литл Микс“. Концертот во истовреме предизвика и радосни и тажни чувства, проследен со моменти на еуфорија, но и натписи од типот „за нашите ангели”…
Концертот се одржа и покрај најновиот терористички напад во Лондон, во којшто загинаа седуммина, а 48 лица се повредени.