Поради опасноста од терористички напади, фановите на Џастин Бибер, на социјалните мрежи го молат младиот пејач да ја одложи својата турнеја во Велика Британија.
Голем број фанови ја истакнаа потенцијалната опасност од терористички напад како причина дека Бибер треба да го помести датумот на своите концерти, после трагедијата која се случи во Манчестер по концертот на Аријана Гранде.
Дваесетитригодишниот Канаѓанец Џастин Бибер закажа настап во лондонскиот Хајд парк, кој треба да се одржи во јули.
Но социјалните мрежи се преплавени со молби концертот да се одложи поради безбедноста на публиката и самиот пејач.
– Откажи го концертот во Велика Британија, Џастин, те молам! Сакаме да бидеме безбедни, напиша еден од корисниците на Твитер.
Лејна Мари (20) од Ирска, билетот за концертот на Бибер во Даблин го платила 180 евра, а како што откриваат агенциите, таа размислува дали воопшто да оди на настапот: „Едноставно, не би сакала една убава вечер да заврши како онаа во Манчестер“.