One Love Tour е летна турнеја која обединува шест балкански ѕвезди од Македонија и Бугарија.
Креатори и продуценти на проектот се Македонската Иноватива Груп и Бугарската Междина Станциа, а ќе учествуваат Слаткаристика, Тони Зен, DJ Гоце С.А.Ф. од Македонија и Криско, Гери-Никол и групата Апсурт од Бугарија.
Турнејата почнува денеска во Банско на 22 jули со бесплатен концерт поддржан од Општина Банско, продолжува на 26 јули во Охрид, 27 jули Струмица, 17 август во Сончев Брег, 18 aвгуст во Варна, 6 септември во Пловдив, a концертната турнеја завршува со концертите на 30 септември во Скопје и 7 октомври во Софија.