Нови Сад со својот „Егзит”- фестивал повторно се најде на листата на Си-Ен-Ен меѓу 50-те најдобри летни дестинации во светот. Фестивалот во статијата на Си-Ен-Ен е предложен како едно од најинтересните места кои треба да се посетат во јули.
Во текот на четирите дена, на „Егзит” можат да се слушнат најразлични стилови на музика, метал, хардкор, панк, електро и реге, а посетителите можат да уживаат, да танцуваат и да ги погледнат убавините на вториот по големина град во Србија, Нови Сад.
„За мене, „Егзит“ е еден од најдобрите фестивали на кои што некогаш сум бил. Големиот број на различни бендови и музички разновидности придонесуваат да ја почувствувате целосно суштината на музиката и нејзините вибрации“, вели за Си-Ен-Ен Родни Пи од британскиот бенд „Sleepin ‘Giantz”.
„Дјуран Дјуран” се ѕвездите на „Егзит” оваа година.
Си-Ен-ЕН понатаму го најави доаѓањето на светските музички ѕвезди како: „Дуран Дуран”, „Скинерд”, „План Б “, „Тој Долс“, „Ганс едн роузес“ и „Њу ордер“.
Досегашната историја на фестивалот е причина плус за совршен летен одмор во Нови Сад.
Многумина ќе се радуваат на „План Б”. Си-Ен-Ен по третпат го рангира „Егзит” во најдобарите светски фестивали.
„Егзит” фестивалот започнува на 12 јули и ќе трае четири дена, до 15 јули.