Издадена е првата компилација на амбиентална, електронска и експериментална музика „Remote Perspective, An Abstract Sound Compilation“ реализирана за македонската веб страница http://www.ampeff.com/.
На компилацијата се наоѓаат 19 траки од артисти од Македонија, Малта, Англија, Аргентина, Германија, Србија и Португалија во времетраење од 1 час и 55 минути. Таа е достапна за бесплатно преземање и преслушување на официјалниот сајт на http://ampeff.com/va-remote-perspective-an-abstract-sound-compilation-2017/ .
Музичката компилација е курирана од Amplidyne Effect (Мартин Георгиевски). Од македонските артисти застапени се Димитар Додовски, Тони Димитров, Александар Ордев…