Музичката ѕвезда Џон Леџенд ги изненади фановите во Лондон, кога без никаква најава оддржа концерт на метро станицата „Сент Панкрас“.
Леџенд, кој е добитник на повеќе Греми награди, седејќи на пијано ги „почести“ патниците во Лондон со неколку од неговите најголеми хитови, како „Ordinary People“ и „All of me“.
Минувачите беа воодушевени, а некои во неверица извикуваа „па дали е ова е возможно“.
Неколку моменти пред да се појави на станицата, Џон на Твитер објави дека пристигнува во Лондон.