Конечно дуетската песна на нашата позната пејачка Елена Ристеска и босанската ѕвезда Хари Варешановиќ, односно Хари Мата Хари, „Још ме плашиш“ доби свој видеозапис.
Спотот започна да се снима уште пред неколку месеци во Скопје, а дел од кадрите се доснимија во Белград и тоа пред само една недела.
Автор на музиката на оваа песна е токму Хари, текстот го напишаа Алма Абдагиќ, Ален Лемешевиќ и Фахрудин Пецикоза, додека аранжманот е дело на Дарко Димитров.
Делот од спотот кој се снимаше во „Хотел Русија“ во Скопје, беше под режисерската палка на Васил Христовски, како директор на фотографија се потпишува Дуле Кардалески, а за организација се погрижи „Џубокс продукција“.
За стајлингот на Елена и овој пат беа задолжени нејзините долгогодишни соработници Даниел Николовски и Мила Кадриу.
На останатиот дел од спотот кој се досними во Белград, како режисер се потпишува Мурис Беглеровиќ и „Готива продукција“.
Извршен продуцент на овој спот е Елена Ристеска.