Концертна промоција на новото ЦД „Синтезис и Наум Петрески“ и промоција на два нови видео записа на песните „Сулејман седит на кула“ и „Што си толку Лено гајлелија“ се одржа денеска во Младинскиот културен центар.
Радослав Шутевски од најпознатата македонска етно група „Синтезис“ на прес-конференција рече дека концертот ќе се одржи на 17 декември во Универзалната сала во Скопје.
– „Синтезис“ секогаш обработува многу стари македонски песни кои ги има и на ова ЦД. Тоа се песни кои сакаме да ги вратиме во живот, истакна Шутевски.
Пејачот Наум Петрески посочи дека во спотовите е изразена македонска вистина преку македонската музика. Според Анета Велкоска од „Синтезис“, голема чест е да се биде дел од групата.
Марјан Јовановски од „Синтезис“ рече дека едниот спот е снимен во скопското кафуле „New age“, а другиот во селото Јеловце.
– Имаме понуди со Наум за концерти во Австралија и Америка, истакна Јовановски.
На прес-конференцијата беше најавена и мини трунеја на „Синтезис“ во Германија и во Русија. Двата спота ги реализира продукција „Браќа Кумеви“.