Познатата пејачка Лана дел Реј, која ја паметиме по хитот „Born To Die” од 2012 година, по цели две години пауза се враќа на топ листите.
Штотуку помина тој временски период од издавањето на нејзиниот албум „Honeymoon”, а Лос Анџелес е веќе преплавен со плакат со нејзиниот лик и голем натпис „Love“ (Љубов), како што гласи насловот на нејзиниот нов сингл.
Според најавите, песната нема да отскокнува од препознатливиот стил на пејачката, чии песни нејзините фанови со задоволство ги слушаат и кога се среќни и кога се тажни, и кога се вљубени…