Американскиот рок бенд Ганс-ен-Роузес, кои се наоѓаат на турнеја во Австралија, беше исвиркан од своите 70.000 фанови во Мелбурн, откако прво задоцнија на концертот, а потоа направија и гаф.
Имено, техничарот за гитари Мекбоб, кој воедно е и долги години најавувач на групата, преку разглас ги поздрави жителите на Мелбурн со „Поздрав Сиднеј“.
– По 30 години нашиот најавувач Мекбоб направи грешка. Навистина ни е жал – се извинија од бендот.
Сепак, Ганс-ен-Роузес се искупија и направија спектакл за паметење.