„Металика“ најави нова турнеја

Од:

Американската хеви метал група „Металика“ објави дека на 10 мај ги почнува своите тримесечни концертни настапи во САД и Канада, што ќе биде прва турнеја на бендот по 2009 година.

Турнејата, во чии рамки „Металика“ ќе има 25 настапи, ќе почне со концерт во американскиот град Балтимор на 10 мај, а ќе завршува во канадскиот град Едмонтнон на 16 август.

На турнејата ќе биде промовиран десеттиот студиски албум на „Металика“ „Hardvired… to Self-Destruct“, кој од излегувањето во ноември досега е продаден во два милини примероци. Тој е прв студиски албум на бендот од 2008 година, што е најдолга пауза меѓу двата студиски албуми во историјата на „Металика“.

За секој купен билет на турнејата, обожвателите ќе добијат и примерок од новиот албум.

„Металика“ на турнејата најчесто ќе ја придружуваат американскиот бенд „Авенџед Севенфолд“ и данскиот „Волбит“, а во август ќе им се придружи и француската група „Гожира“.

Тапанарот на „Металика“, Ларс Улрих уште лани во август за магазинот „Ролингстон“ ја најави можноста за турнеја, велејќи дека е време „прописно да се размрда Америка“.

– Ќе биде забавно во овие луди и конфузни времиња на поделби да се види како сите се собираат, како ги оставаат на страна различностите и уживаат во музиката. Ние сме многу возбудени поради враќањето, рече Улрих.

„Металика“ во неделата вечерта настапи на доделувањето на наградите Греми, каде Лејди Гага ја пееше песната „Moth into flame“ од нивниот нов албум.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски