Легендарниот екс-ЈУ пејач Здравко Чолиќ речиси 40 години не разговара со познатата српска кореографка Локица Стефановиќ, поради навидум бизарна работа.
Во 70-те години на минаитот век, Локица и нејзината танчерска група често го придружуваа Чолиќ на неговите настапи и станаа препознатлив белег на некои од хитовите на популарниот пејач од тој период.
Меѓутоа, соработката меѓу нив е прекината откако во документарниот филм „Пејам дење,пејам ноќе“ од 1979 година, посветен на пејачот, Локица изјавила дека „Здравко не е талентиран за танцување“.
– По таа изјава нашето пријателство прекина. Морав тоа да го кажам затоа што режисерот го бараше тоа од мене. Жал ми е. Јас никогаш не зборувам лоши работи за луѓето. Само објаснив дека тој нема талент за танцување, но се вежбање постигнавме резултат. Научи да танцува. Би сакала да се смириме, изјави Локица при гостување во една телевизиска емисија.