Како што медиумите најавуваат крај на светот, така „Bei The Fish“ најавуваат нов албум точно на денот кога треба да се случи „големата апокалипса“.
Албумот насловен како „At The End Of The Sand“- „На крајот од песокот“ излегува на 21.12.2012 како коментар на четирите милијарди години живот на планетата земја, човековото постоење и неговото лудило.
Tермините како религија, држава, контрола, припадност, општество, еволуција, технологија, историја, цивилизација, планета земја, се само дел од приказната на овој албум. Параноидната слика и прилика на модерниот човек притиснат од наметнатиот начин на живот, а во тотален недослух со сопственото јас.
Историја која што стои на стаклени нозе, археологија која се повеќе и повеќе закопува одошто откопува… Технологијата која од корисна алатка е претворена во корисник на алатка… Уметност претворена во маркетинг и пропаганда…Религија сведена на банкнота од еден долар…Човековото постоење без никаква вредност.
Приказна која на оваа планета трае со илјадници години и која ако заврши на 21.12.2012, не треба да ни е страв од тоа дека ќе не снема, треба да ни е страв и срам од тоа дека не нема.