Џастин Бибер: На фановите брзо им се здосадува мојата музика

Од:

 Американската тинејџерска ѕвезда Џастин Бибер призна дека мора да поработи на својот музички стил при снимањето на секој албум, затоа што фановите брзо се заситуваат од неговата музика, која е достапна по пат на онлајн стриминг и на Јутјуб.

– На луѓето им станува досадно. Се е многу пристапно па фановите брзо се заситуваат. Новата песна станува стара многу брзо затоа што фановите по пат на интернет можат да ги гледаат спотови безброј пати. Поради тоа морате да бидете креативни. Да снимав албум сличен на претходниот, на фановите брзо би им се здосадило. Тие тоа веќе го слушнале, така што морам да им дадам нешто ново, изјави Бибер.

Спотот на младиот пејач неодамна стана прв кој е прегледан повеќе од 800 милиони пати. Неговата песна „Baby“ таа бројка ја достигна минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски