Можеби звучи како изненадување, но според најновата листа на “Форбс” раперот д-р Dre е најплатениот музичар во 2012 година.
Само оваа година, Dr.Dre заработил дури 100 милиони долари и тоа не само поради својата музика, туку и со многу вносниот бизнис со слушалките “Beats by Dre”, кои се голем хит во светот.
На второто место е уште еден постар музичар, Роџер Вотерс од групата “Pink Flojd”, кој заработил 88 милиони долари, а својот многу успешен проект, “The Wall”, наскоро ќе го претстави пред српската публика.
Третото место му припадна на ветеранот на музичката сцена,Елтон Џон кој инкасирал 80 милиони долари во 2012 година.