ВИДЕО: Почина пионерот на прогресивниот рок Грег Лејк

Од:

Британски музичар и продуцент и еден од основачите на прогресивниот рок, Грег Лејк, почина на 70-годишна возраст, по долого и тешко боледување, објави на Твитер неговиот менаџер Стјуард Јанг.

– Вчера го изгубив најдобриот пријател, по долгата и тешка борба со ракот. Грег Лејк ќе остане во моето срце засекогаш, напиша Јанг.

Лејк се смета за еден од основачите на прогресивнот рок. Во 1969 година тој ја основа групата „Кинг Крајмсон“, а потоа со Кит Емерсон и Карл Палмер го формира бендот „Емерсон, Лејк и Палмер“.

Во 2010 година Кени Вест повторно ја популаризира песната на „Кинг Крајмсон“, „21 st Century Schizoid Man“, вклучувајќи дел од неа во неговата песна „Power“.

– Најдобрата музика е создадена за љубов, не за пари, стои на официјалната страница на Грег Лејк.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски