Концерт на Ѕукеро во Софија

Од:

Италијанскиот поп пејач Ѕукеро на 15 ноември ќе одржи концерт во Национален дворец на културата (НДК) во Софија, на кој воедно ќе ја претстави aнглиската верзија на неговиот дванаесетти студиски албум, со наслов „Black Cat”, соопштија организаторите од продукцијата „Жокер медиа”.

На сцената во НДК италијанската ѕвезда ќе се појави со 14 свои колеги музичари од светски калибар.

– Кога првпат почнав да творам за „Black Cat”, напишав околу 40 песни, по што многу од нив и тргнав на страба. Јуни 2015 почнавме да свириме во Лос Анџелес и не успеав да го издадам албумот пред Божик. Но ете, времето минува брзо и – еве го!, прокоментира музичарот.

На овој албум, Ѕукеро соработуваше со Марк Нофлер и Боно.

Пејачот во Софија ќе изведе и некои од своите стари хитови, како што се „Baila Morena” и „Senza una donna”.

Аделмо Форначари, попознат како Ѕукеро („Шеќерче“, псевдоним даден од неговиот прв учител по музичко), е еден од најпопуларните италијански изведувачи. Роден е 1955 во Реџо Емилија во северна Италија. Соработувал со плејада големи ѕвезди, како што се: Ерик Клептон, Лучијано Павароти, Шерил Кроу, Том Џонс, Брајан Адамс, Пол Јанг, Стинг, Реј Чарлс, Ронан Китинг.

Тој е единствениот италијански музичар, кој настаувал на „Вудсток”, а исто и на концертот во чест на Фреди Меркјури насловен „Freddie Mercury Tribute” во 1992.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски