Петар Грашо размислува за повлекување од естрадата

Од:

Хрватскиот поп пејач Петар Грашо повторно размислува да се повлече од музиката.

– Сигурно повторно ќе има пауза. Моментно работам на албумот, заедно со Тончи (Хуљиќ) и мојата екипа. Ќе направиме овој, четврти албум, да биде еден запис, а потоа ќе размислиме малку за повлекување. Не можам јас тоа. Премногу е, рече поп ѕвездата за Ер-Те-Ел, со што одново ги растажи своите обожаватели кои шест години чекаа на неговото враќање на естрадата.

По враќањето, Грашо ги освои сите топ листи и ги распродаде сите закажани концерти, што не се поклопува со неговите навестувања.

– Јас сакам да работам. Тоа што го сработив за две години, некои не го можат ни за 10, но не се работи за тоа. Работата е во тоа што никогаш не сум сакал здодевни луѓе, па не сакам ни јас да им здодеам на луѓето. Не сакам да бидам секојдневна појава, образложи Грашо.

– Не сакам да се појавувам на секој плакат, да ме има на секоја можна радиостаница. Чинам,  затоа е добро да има некоја пауза. Тоа нема да биде наскоро, но ќе биде, најави тој.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски