Тројниот добитник на европските МТВ награди Бруно Марс е првиот изведувач за кого официјално е потврдено дека ќе настапува на доделувањето на „МТВ ЕМА“ наградите, што ќе се одржи во Ротердам на 6 ноември.
Бруно Марс првпат ќе го изведет синглот „24K Magic“, со кој го најавува истоимениот трет студиски албум, кој излегува на 18 ноември.
Регионалниот МТВ канал во живо ќе ја пренесува програмата од салата „Ahoy Rotterdam“ на 6 ноември од 20 часот.
Гласањето во сите МТВ ЕМА категории, вклучувајќи и „Best Adria Act“ трае до сабота, 5 ноември на полноќ на интернет страницата на MTV.
За „Best Adria Act“ наградата номинирани се Тони Зен, Елементал, Siddharta, С.А.Р.С. и „Luce“.