Генијалниот Коен на 82 години со новиот сингл објасни како со песна се поздравува смртта

Од:

Легендарниот Леонард Коен и во деветата деценија од животот не престанува да ги воодушевува љубителите на неговата музика. Вчера, на неговиот 82-ри роденден објави нов сингл од неговиот следен албум, кој со нетрпение го очекуваат неговите фанови.

„You Want lt Darker“, е атмосферична, темна песна со сите карактеристики на потенцијален хит, а тоа го потврдуваат и коментарите  на обожаватели кои веќе масовно ја преслушуваат на „repeat“.

Критиката, во стиховите го препозна поетичното поздравување на Коен со животот, на начин како што тоа само музички легенди го прават.

Новиот албум на Коен би требало да излезе на 21 октомври и ќе биде 14 -ти во неговата богата кариера. Продуцент беше неговиот син, Адам Коен.

Неговиот последен студиски албум „Popular Problems“ Коен го издаде во 2014 година, два дена по 80-тиот роденден. Во мај 2015 година го објави „Can’t Forget: A Souvenir of the Grand Tour“, албум со само два нови наслови.

Најпознати се неговите хитови „Hallelujah“ (1984) и „So long, Mariane“ каде ја опеува неговата љубов кон Норвежанката, Маријана Ихлен, која ја запознал на грчкиот остров Хидра.

Кога Маријана почина во јули 2016 година Коен во писмо, кое во јавноста го објави нејзин пријател, и одаде почит велејќи дека плаче за неа и и посакува да ужива во „бескрајната љубов“ со пораката: „Мислам дека наскоро и јас ќе дојдам по тебе“.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски