Славниот британски бенд Колдплеј е пред распаѓање. Оваа шпекулација проструи низ светските медиуми по најавата на фронтменот Крис Мартин по завршувањето на австралискиот дел од светската турнеја во Бризбејн дека ќе направат тригодишна пауза.
– Ова е последна поголема свирка што ќе ја имаме во следните, од прилика три години. Затоа не сакавме да застанеме со свирење и пеење – изјави Мартин.
Светската турнеја им завршува во САД со неколку концерти во декември, по што следува најавениот подолг одмор, кој според многумина се толкува како чекор кон распад на бендот.