Британската пејачка Адел најави дека планира да се повлече од сцената во следните десет години, за да помине повеќе време со синот Анџело.
Главна причина за тоа е наводно што Анџело следните години почнува со училиште и таа сака цело време да биде со него.
Адел рече дека не сака да оди по турнеи, туку сака да биде дома со сопругот Сакмон Конеки и со синот.
Извор близок до пејачката за магазинот „Сан“ откри дека синот Анџело и е „се на светот“ на Адел.
Адел во својата кариера веќа направи пауза од пет години, па нема сомнеж дека нејзините фанови ќе го „преживеат“ и ова повлекување од сцената.
Овој прекин сигурно нема многу да и наштети финансиски на Адел, затоа што досега таа заработи приближно 65 милиони фунти.