Познатата хеви метал група „Металика“ објави дека по осумгодишна пауза, ќе издаде нов албум.
Албумот наречен „Hardwired… To Self-Destruct“, кој ќе има 80 минути музика, ќе се најде во продоажба на 18 ноември.
Ова ќе биде 11-ти студиски албум на „Металика“, кој следи по „Death Magnetic“ објавен во 2008 година.
– Навистина постои! Знаеме дека долго го подготвуваме, но сега со гордост го претставуваме „Hardwired… To Self-Destruct“, долгоочекуваниот нов студиски албум на „Металка“, објави бендот на својот профил на Фејсбук.
Според најавите, овој албум претставува „следна фаза во патувањето“ на „Металика“.
Легендарниот хеви метал бенд е формиран во 1981 година во Лос Анџелес и досега има продадено десетици милиони носачи на звук.