Поп ѕвездата и познатата актерка Џенифер Лопез одржа концерт во белградската Комбанк арена, пред 18-илјадната публика.
Лопез на сцената излезе во тесен костим, придружена со звуците на песната „Get Right”. Публиката со аплаузи реагираше на спектакулраната кореографија, иако имаше и критики на сметка на тоа дека дел од концертот е изведен на плеј бек.
[nggallery id=72]
Концертот беше поделен на неколку тематски делови, публиката можеше да чуе песни од почетокот на нејзината кариера како „Love don’t cost a thing“, па се до песните од актуелниот последен албум „Love?”.
Во текот на 90 минути, колку што траеше концертот, ѕвездата цело време беше поздравувана со аплауз, а најголемо воодушевување предизвика кога на сцената се појави со српско знаме.
Американската пејачка за прв пат настапува во Србија, а ова беше единствен настап во овој дел од Европа во рамките на турнејата „Dance Again”.