Откако Тони Висконт, продуцентот на последниот албум на Дејвид Боуви, за британските медиуми изјави дека „дојдоа најмрачните времиња“ за музичката индустрија, бидејќи сите ги модификуваат гласовите, па дури и Адел, пејачката реши да го возврати ударот.
Така, еден обожавател на Адел на социјалните мрежи објаави снимка од нејзин концертот на кој пејачката му се обраќа на Висконти: „Слушнав дека некои тапоглавец рекол дека на албумот не е мојот глас. Попиш“.
Тони Висконт смета дека денешната музичка продукција е премногу „испеглана“ и дозволува автентичност, па дури и одличните вокали мораат да се „средуваат“. Тој смета дека недостасува оригиналност и откри дека се би дал „на сцената да се појави уште еден Хендрикс, Кобајн или Боуви“.