ВИДЕО: Северина обвинета за кражба на песна на Ријана

Од:

Најновиот спот на Северина за песната „Секунда“ од објавувањето во понеделник веќе има над 900.000 прегледи, а голем број од оние кои го виделе се согласуваат дека песната е идентична со дуетот на Ријана со Ди-Џеј Келвин Харисон, „We found Love“.

Многумина сметаат дека освен музиката и спотот потсетува на видеото на Ријана, бидеји и Северина скока во голем број брзи динамични кадри.

Можам да разберам кога балканските пејачи и продуценти крадат грчки и турски хитови кои не се толку познати, но да ја ископирате не само музиката, туку и спотот на еден Келвин Харис и Ријана кои сепак нешто значат во светската музика и кои планетарно се популарни, во најмала рака е смешно, е еден од коментарите на песната.

Оние кои ја сметаат Северина за неприкосновената кралица на естрадата, потсетуваат дека за плагијат се смета песна со три или помалку сличлни тактови. Има и такви кои мислат дека целта на Северина била само да крене прашина и на поширокиот пазар од регионалниот.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски