Џастин Тимберлејк се врати на работа и пред помалку од два недели ја промовираше нова песна „Cant’ Stop The Feeling“, која ќе се најде на саундтракот на новиот филмски хит „Тролови“.
По промоцијата на песната, која се очекува да биде еден од главните хитови претсојново лето, Џастин сега објави и спот за неа.
Џастин во спотот танцува во целосно бела комбинација, но видеото вклучува и голем број други лица, кои на различни места и во различни пригоди танцуваат на заразниот ритам.
Во една од сцените, Џастин танцува и во продавница, што не е прв счучај во некои од неговите спотови. Имено, и во 2008 година во спотот за големиот хит „4 Минути“ што го сними со Мадона, тој се најде во многу слична сцена.
Но, неговите движења сега се нешто поумерени, затоа што сепак поминаа осум годни оттогаш, а и Џастин во меѓувреме стана сопруг и татко, што сигурно му црпи енергија.