Популарниот македонски пејач Ален Хасановиќ ги израдува своите обожаватели со
видеозапис за песната „Оди, биди сечија“ која претендира да биде вистински летен хит.
Имено, Хасановиќ преку емисијата „Гранд Специјал“ ја претстави својата најнова песна на која како комплетен автор се потпишува самиот. Брз ритам, со примеси на румба и балкански мелос, новата песна на Ален освојува уште на првото слушање и ве повикува да заиграте.
Видеозаписот е снимен на повеќе локации во прекрасниот Охрид, со веќе проверената екипа на Зати продукција.