„Анонимуси“ ја хакираа страната на Министерството за транспорт и врски

Од:

Груата Анонимуси ја блокира интернет страницата на Министерството за транспорт и врски, на која постави свое соопштение во кое кажува дека се борат против цензурата и лагите на корумпираните медиуми.

„Ние сме Анонплус – Анонимуси и ова е нашиот манифест. Секое лице што сака да ја одбрани својата слобода на информирање, слободата на народот и ослободување од ропството на медиумите и на оние кои нè владеат и од оние кои се користат како алатка за спроведување на нејзините валкани цели, веќе се дел од Анонимуси.

mtcHakirana2

Секое лице кое има волја да дејствува е добредојдено. Ние сме во војна. Анонплус става веб-страници надвор од функција кои активно придонесуваат за контрола на масите од корумпирани медиуми, преку манипулирање со информации и со мислења за да се создаде лажна реалност, Анонплус не дејствува за лични или политички цели, нема лидери, работи во интерес на народот и за да го врати суверенитетот на луѓето. Денот кога овие цели ќе се постигнат Анонплус ќе престане да постои.

Без војна, без религии, без политика, без финансиска моќ, за подобар свет. Ние сме легија. Ние не забораваме. Не простуваме. Очекувајте нè“, пишува на веб-страницата на Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Анонимуси: Хакиравме доверливи документи на српската влада

Ана Ололовска

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Анонимуси до Путин и неговите соработници: Доаѓаме по вас

А1он

Анонимуси им се заканија на западните компании во Русија

Ана Ололовска

Анонимуси ја хакираа руската федерална агенција и објавија 360.000 датотеки

А1он

ВИДЕО: Анонимусите тврдат дека хакирале руски телевизиски станици

Ана Ололовска