Љубовните писма на Џегер за 100.000£

Од:

Љубовните писма, кои ги пишувал Мик Џегер, на американската пејачка Марши Хант, на 12-ти декември ќе бидат понудени на аукција, а се проценуваат на 100 илјади фунти.

Во писмата кон својата поранешна љубовница, која е мајка на неговото прво дете, легендарниот пејач, тогаш 26-годишен, ја открива својата нежна страна.

Десетте писма од август 1969-та година, аукциската куќа Sotheby’s ги проценува на 70 до 100 илјади фунти. Напишани се во Австралија за време на снимањето „Нед Кели“.

Марш Хант, наводно е инспирација за песната „Brown Sugar“, била во тајна врска со Џегер се до 1972. година. Денеска живее во Франција и како причина за продажба на писмата, ја наведува тешката финансиска состојба во која се наоѓа.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски