Српската поп пејачка Марија Шерифовиќ е среќно вљубена и конечно првпат објави и фотографија од својата љубена.
– Со едната рака ќе го освојам светот, се додека ме држиш за другата, напиша Марија во описот на фотографијата објавена на социјалните мрежи, на која позира со девојка во долга елегантна тоалета.
„Прекрасно, да живее љубовта“, „Ти си девојко, кралица“, „Љубовта нема граници“, „Само напред“, се дел од многубројните коментари кои ги доби Марија од своите фанови.
Пејачката претходно, за српските медиуми призна дека е среќно вљубена, но се уште не го откри името на својата девојка.