Кој ќе пее за Србија на Евросонг?

Од:

Пејачките Наташа Беквалац и Марија Шерифовиќ се главни кандидатки за претставник на Србија на Евросонг, кој ќе биде одржан следната година во Малме!

Марија Шерифовиќ до неодамна важеше за главен фаворит, бидејќи многумина сметаат дека таа може повторно да ја донесе „Песната на Евровизија“ во Белград. Сепак, се појавија и оние кои се убедени во тоа дека Србија достоинствено би ја претставила и Беквалац.

– Пласманот на Марија Шерифовиќ во ниту еден момент не е доведен во прашање, но ни Наташа не би била лош избор. Напротив. Марија има помоќен вокал, но и Наташа добро пее. Исто така, нејзината појава и владеење со сцената тешко некого може да остави рамнодушен. Ќе биде тешко да се одлучи, но за која и да се определат, нема да згрешат – наведува извор близок до РТС.

Наташа Беквалац овие наводи не сакала да ги коментира, додека Марија Шерифовиќ вели дека нема амбиции повторно да се натпреварува на Евросонг.

– Разбирам дека некој смета дека би можела да постигнам успех на Евровизија, но немам такви амбиции. Победив во 2007. година и не би можела да се задоволам со второ или трето место. Од друга страна, мислам дека би требало да се врати Беовизија, тоа е почесен начин на избор – порачала Шерифовиќ, и додала дека на Наташа Беквалац, ако РТС ја избере, ѝ посакува многу среќа.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски