Ватикан се обидел да го блокира концерт на Ролинг Стоунс во Хавана на Велики Петок

Од:

Официјален Ватикан се обидел да го блокира „историскиот“ концерт на „Ролинг Стоунс“ во Хавана, затоа што се одржувал на Велики Петок, објаснувајќи го тоа со „светоста на денот“, кој во христијанството важи за најтажен, затоа што тогаш умира Исус Христос, тврди лондонски „Дејли Мирор“.

Весникот се повикува на „инсајдер“ во екипата, која ги придружуваше „Стоунси“ на нивниот концерт во Хавана, што беше прв концерт на отворено на еден западен бенд во историјата на Куба.

Според овој извор од Ватикан било порачано, ако веќе се одржува концертот, тогаш нека започне после полноќ, но организаторите истакнале дека за настапот постои договор и дека тој мора да се исполни.

„Стоунси“ реагирале со своја порака до Светата столица, објаснувајќи дека синоќа на Велики Петок насекаде во католичкиот и протестантскиот свет се одржани голем број концерти, па дека не гледаат зашто овој во Хавана треба да биде посебен и да се бара да се одложи.

Настапот на Мик Џегер (72), на Кит Ричард (72) на Рони Вуд (68) и на Чарли Вотс (74) веднаш е прогласен за „настан без преседан“, затоа што кубанските власти до пред петнаесетина години, забрануваа да се слуша западна поп и рок музика.

Многумина од присутните на концертот беа тајни приврзаници на „Стоунси“ и на нивната музика, кои во годините на нивната младост, ако воопшто и можеле некакоо да ги слушаат хитовите на британските и американските рокери, тоа морале да го прават скриено.

Странските медиуми пишуваат дека на концертот се собрале повеќе од 200 илјади луѓе од Хавана, Куба и од соседните земји во регионот на првиот концерт на оваа британска група, за кој влезот беше слободен, бидејќи „Стоунси“ настапија бесплатно.

Властите беа подготвени за присуство на половина милион луѓе.

Концертот на „Ролинг Стоунс“ доаѓа само неколку денови по „историската посета“ на Куба на американскиот претседател Барак Обама.

– Ова е фантастично, затоа што до скоро беше забрането. Ние на Куба не можевме да ги слушаме Битлси, Стоунси и другите, па дури и некои од најпоплуарните латиноамерикански пејачи и музичари. Сега е дозволено да слушаме што сакаме, им изјавил на странските новинари еден од присутните на концертот.

Друг Кубанец, кој рекол дека има 63 години изјавил оти по концертот може да умре.

– Ова за мене беше како последната желба пред умирање. Не верував дека кога било ќе бидам на рок концерт, па уште на „Стоунси“.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски