Стотици илјади Кубанци на концертот на „Ролинг стоунс“ во Хавана

Од:

Стотици илјади Кубанци присуствуваа на првиот концерт на британската рок група „Ролинг стоунс“ на Куба, каде рок музиката со години беше забранета.

Спортскиот комплекс „Сијудад депортива“ во кубанската престолнина, кој може да прими 450.000 гледачи, синоќа беше преполн, додека реки луѓе се прелеваа на улица, а многумина стоеја и на покиривите од зградите, па познатиот музички состав поздрави вкупно половина милион фанови.

– Знаеме дека претходно беше тешко да се слушне нашата музика на Куба, но еве не, сега сме тука. Мислам дека времињата се менуваат, зарем не, рече фронтменот на „Ролинг стоунс“ Мик Џегер на шпански, обраќајки и се на публиката, што беше проследено со силен аплауз.

Луѓе од сите старосни групи скокаа во ритамот на музиката на легендарниот рок состав и ги пееја заедно со Џегер познатите хитови.

Концертот беше бесплатен.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски