Даниел Кајмакоски, кој е актуелен во последниве неколку недели со учеството во ТВ шоуто „Твоето лице звучи познато“, ја промовира новата песна за која сними и видео запис.
„Само за љубав“ е песна каква што можев само да посакам! Целосно се вклопува во мојот досегашен стил, има емотивен текст кој зборува за борбата за љубовта на саканата жена, а целата приказна ја следи интересен спот. Верувам дека публиката ќе ги препознае емоциите и посветеноста кои ги вложивме во оваа песна јас и мојот тим” – вели Даниел.
Даниел соработува со истата екипа која работеше и на песната „10 лета“ , па така музиката и текстот ги потпишува Александра Милутиновиќ, а аранжманот е на Дарко Димитров. Наскоро ќе биде објавена и верзијата на македонски јазик, за која текстот го напиша Огнен Неделковски.
„Оваа песна ја слави љубовта, позитивна е и нежна. На мое големо задоволство, спотот го режираше Немања Новаковиќ, човек кој ја разбира и чувствува музиката, па и спотот ја следи приказната на песната: љубов, сон, трепет” – вели Александра Милутиновиќ.
Видео спотот е сниман и продуциран од маркетинг и видео агенцијата LCF Media (Белград, Сбрија).