Управата на „Сони“ од наследниците на Мајкл Џексон ги откупи правата за објавување на песните на „Битлси“, Боб Дилан, Еминем и други големи музичари.
Кралот на поп музиката во 1995 година стана сопственк на 50 отсто од каталогот на „Сони/АТВ Публишинг“, со што се стекна со право на користење на музиката на сите изведувачи од оваа продуцентска куќа.
Во моментот на смртта, Џексон имаше долг од 250 милиони долари, а сега неговото семејство од „Сони“ доби 750 милиони, со што стана единствен сопственик и на неговите песни.