Откако ја немаше со месци во јавноста, Бијонсе го искористи настапот на синоќешниот Супер Боул за да го промовира својот нов сингл „Formation“.
Паралелно со промоцијата на песната, на интернет се појави и спот за неа, кој предизвика воодушевување меѓу фановите на музичката дива.
Во спотот 34-годишната Бијонсе го покажа своето „затегнато“ тело, а многумина оценија дека таа изгледа „злобно“ како никогаш досега.
Во видеото, кое е инспирирано од Њу Орлеанс, се појавува и ќерката на Бијонсе, Блу Ајви.