Концертот што Мадона ќе го одржи на 28 февруари во Сингапур, во рамки на светската турнеја „Rebel Heart“, ќе биде забранет за помлади од 18 години, соопштија организаторите.
Поп кралицата својот настап, прв кој некогаш го имала во овој град држава, ќе се одржи на националниот стадион, кој може да прими 55.000 посетители.
– Ве молам да имате на ум дека концертот има ознака „Р18“ со предупредување на „сексуални референци“. Само на постари од 18 години ќе им биде дозволен влез на концертот, порача преку Фејсбук компанијата „MediaCorp Vizpro“.
Весникот „Стрејт тајмс“ напоменува дека појавувањата на Мадона на сцена за време на турнејата се придружени со оскудно облечени танчерки маскирани во монахињи кои танцуваат околу шипката како распетие.